Мекларен стигна до еден-два победа на трката за Големата награда на Белгија која што се возеше на легендарната патека Спа Франкошамп.
Трката која поради дожд доцнеше час и 20 минути почна со тоа што Оскар Пјастри успеа да го помине својот клупски колега Ландо Норис и со тоа да го направи клучното претркување и да стигне до победа на сметка на совозачот од Мекларен.
По мечот Пјастри изјави дека за него не било проблем што трката ја почнал како второпласиран.
„Беше многу живо, знаев дека првиот круг ќе ми биде најдобрата шанса за победа. Остатокот од трката го извозевме многу добро, малку се мачев на крајот. Бев доста разочаран од себе по вчерашниот ден, но се покажа дека стартувањето втор во Спа не е толку лошо“, изјави Пјастри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

