Пјастри најбрз на спринт квалификациите во Спа

Австралиецот во болидот на Мекларен, Оскар Пјастри ја освои пол-позицијата за спринт трката за големата награда на Белгија која се вози на легендарната Спа Франкошамп.

Пјастри до пол позицијата стигна пред актуелниот шампион Макс Ферстапен во Ред Бул. Од вториот ред утре ќе тргнат Ландо Норис (Мекларен) и Шарл Леклер од Ферари.

Во топ 10 се најдоа уште и: Окон, Сајнц, Берман, Гасли, Хаџер и Бортолето.

Се вчитува...