Пјастри најбрз во Мајами, двојна победа на Мекларен

Моментално првопласираниот во генералниот пласман Оскар Пјастри од Мекларен, беше најбрз на трката за ГН на Мајами, САД. И покрај тоа што пол позицијата му припадна на Макс Ферстапен, сепак, Холанѓанецот на крајот ја заврши трката на четвртото место.

Ферстапен уште на стартот ја направи првата грешка, и го истурка Ландо Норис, а веднаш потоа имаше жолто знаме. После повлекувањето на жолтото знаме, Пјастри беше одличен, го мина Антонели и го зазеде првото место, а потоа го мина и Ферстапен во 14-тиот круг. Ја искористи неговата грешка, и го мина, со што го задржа првото место до крајот на трката.

На второто место заврши Ландо Норис, додека трет беше Џорџ Расел, возач на Мерцедес. Ферстапен ја заврши трката на четвртата позиција.

Вчера на брзинската трка прв беше Ландо Норис, заокрожувајќи го одличниот викенд за Мекларен во Мајами.

Се вчитува...