Пјастри предупредува пред новата сезона во Ф1

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, изјави дека според новите правила, лошиот старт може да го чини возачот седум позиции.

Пјастри верува дека лошиот старт во престојната сезона може скапо да го чини возачот кој може да изгуби до седум позиции, споредувајќи го тоа со трка во Формула 2.

Постапките за почеток на трката станаа спорна тема откако започнаа предсезонските тестирања минатата недела, бидејќи сега се значително посложени од порано поради отстранувањето на системот МГУ-Х.

Ова значи дека возачите мора да го држат моторот на високи вртежи најмалку 10 секунди за да го достигнат потребното ниво на притисок во турбината, но неправилното темпирање може да доведе до бавен старт или до активирање на системот против застој.

Токму тоа му се случи на Франко Колапинто во Бахреин во петокот, кога речиси се лизна и удри во заштитната ограда по стартно-целната линија, покажувајќи дека сè уште не е ни приближно толку мазно како што беше пред оваа промена на правилата.

„На секој ќе му требаат различни работи за да започне и, да бидам искрен, не сум сигурен дека некој од нас знае точно што му треба во моментов. Мислам дека веројатно имаме груби идеи и сигурен сум дека ќе најдеме начин да добиеме добар почеток. Но, разликата меѓу добар почеток и лош почеток минатата година беше дали сте имале мало лизгање или лоша реакција. Оваа година практично може да биде како трка во Формула 2, каде што влегувате во анти-стол или нешто слично. Не губите само неколку метри ако нешто тргне наопаку, можете да изгубите шест или седум позиции“, рече Оскар Пјастри.

Ситуацијата може да биде уште полоша за возачите на крајот од стартниот редослед, бидејќи според сегашната постапка тие можеби ќе ги немаат ни потребните 10 секунди за да ја завртат турбината.

Поради сето ова, постојат и безбедносни проблеми, па затоа Андреа Стела, шефот на Мекларен, бара потребни промени, а Пјастре го дели тоа мислење.

Се вчитува...