Пјастри разочаран во дебаклот во Баку: Ова не беше мојот најдобар момент (ВИДЕО)

Лидерот на Формула 1 шампионатот, Оскар Пјастри имаше викенд за заборав откако не ја заврши трката на Големата награда на Азербејџан.

Возачот на Мекларен предвреме тргна на стартот на трката во Баку по што се активира „anti-stall“ модот и го остави на самиот крај на колоната. Во обид да ја надомести грешката погреши веќе во првиот круг и се заби во оградата завршувајќи ја трката.

„Сигурно ова не беше мојот најдобар момент. Го предвидев почетокот. Глупава, едноставна грешка. За сударот направив лошо предвидување. Влегов во кривината пребрзо и тоа беше тоа. Се обвинувам само себе си“, изјави Пјастри.

Се вчитува...