Пјастри: Сезона полна со успони и падови, но јас сум горд на себе

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, изјави дека се надева дека ќе има уште многу можности да го освои шампионатот во Формула 1.

Ландо Норис го освои шампионатот во Формула 1 благодарение на третото место на Големата награда на Абу Даби, со што заврши овогодинешното првенство. Макс Ферстапен победи на патеката Јас Марина, со што го заврши своето четиригодишно владеење.

Британецот го достигна најголемиот успех во својата кариера со предност од два бода во однос на Макс Ферстапен. Пјастри на крајот заврши трет, 13 бода зад својотклупски колега.

„Искрено, сум прилично задоволен од трката. Знаев дека за да ја освојам титулата денес, сè требаше да се среди за мене. Дадов се од себе и се ставив во најдобра можна позиција за да се обидам да ја добијам трката и да си дадам најдобра шанса, но тоа не се случи. Мислам дека можеме да бидеме многу горди на сезоната“, рече Пјастри

Се вчитува...