Полскиот напаѓач Кжиштоф Пјатек е најголемата сензација во Серија А сезонава. 23-годишниот офанзивец изминатото лето пристигна во Џенова а по само шест месеци успеа да реализира огромен трансфер во Милан.
А, фудбалскиот пат на Пјатек првпат сериозно се активира со трансферот во Заглебје Лубин во 2013 година за само 12.000 евра. Во 2016 година се сели во Краковија за 700.000 евра и тогаш почнува неговиот брз фудбалски раст. Во сезоната 2017/2018 постигна 21 гол на 36 натпревар во полското првенство, што беше одлична препорака за трансфер во Џенова.
Џеновјаните за него издвоија 4,5 милиони евра, за да само половина година подоцна го продадат на Милан за 35 милиони евра, што доволно зборува за одличниот потег.
Но, она што и вистински ја „оптоварува“ спортската јавност во Европа изминативе денови е точниот изговор на неговото презиме. Цела Европа досега го знаеше единствено како Пјатек, но правилниот изговор на неговото презиме е Пјонтек, што во превод на македонски значи – петок!
Согласно полската абецеда, буквата „а“ во неговото презиме се изговара „он“. Ако подобро се забележи токму таа буква е напишана и на новиот дрес на Милан, на што самиот Кжиштоф инсистирал.
Полскиот фудбалер во неколку наврати и самиот инсистирал кај Италијанците неговото презиме да го изговараат „Пјонтек“, сето тоа го усвои и официјалниот спикер на Сан Сиро кој синоќа еуфорично ја прозва новата ѕвезда на Милан по постигнатите голови…
И најверните навивачи на Милан веќе промовираа навивачка песна за полскиот офанзивец токму согласно правилниот изговор на неговото презиме: „Пјонтек, Пјонтек, по, по, по….“
Krzysztof Piątek już “kupił” kibiców ?????⚫ [via @heavydirtyhead] pic.twitter.com/q8H6SPQJH1
— ACMilan.com.pl (@acmilan_com_pl) January 29, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА