Репрезентацијата на Словенија ремизираше на гостувањето против Израел со 1-1, во пресрет на дуелот на Словенците на домашен терен против Македонија што на програмата е в недела. Избраниците на селекторот Кек беа подобар противник во првото полувреме, Иличиќ ја погоди и гредата, а до заслужено водство стигнаа на самиот почеток од вториот дел, кога Шпорар одлично се снајде и ја искористи нерешителноста на домашните дефанзивци за водство од 0-1. Израел сепак успеа да возврати и преку Захави го израмни резултатот, за конечни 1-1 на оваа средба.
Полска славеше во дербито на групата, и тоа на гостински терен против Австрија со 0-1. Домаќините промашија две убави шанси на стартот од мечот преку Арнаутовиќ и Сабицер, а Полска во вториот дел стигна до трите бода со погодокот на Пјонтек. Асот на Милан стартуваше како резерва, влезе во игра во второто полувреме и се најде на вистинско место во вистинско време, од еден метар сместувајќи ја топката во мрежата.
Во рамките од второто коло од нашата „група Г“ в недела се среќаваат Словенија – Македонија, Полска – Летонија и Израел – Австрија.
⚽ GOOAL PIATEK !!! ?
?? Austria 0⃣ – 1⃣ Poland ??pic.twitter.com/KzeqyeXmBs— TeamMilanAC (@TeamMilanAC) March 21, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА