Пјонтек се врати во Калчо-лигата, но нема да игра со Пандев

Кжиштоф Пјонтек стави крај на својата неуспешна авантура во Херта и се враќа назад во италијанската Серија А, лигата каде што полскиот голгетер ги мина најдобрите денови во својата кариера. Сепак, тоа нема да биде во дресот на Џенова како што најавуваа италијанските медиуми, туку како член на Фиорентина, клубот што успеа да победи во трката за ангажман на полскиот голгетер.

Доцна синоќа беше објавено дека Пјонтек ги договорил сите услови со „виолетовите“, кои постигнале и договор со Херта околу висината на отштетата. Во наредните два дена ќе бидат комплетирани и медицинските прегледи, по што Полјакот и официјално ќе стане нов член на Фиорентина. Од клубот од Фиренца најавуваат дека доаѓањето на Пјонтек не значи и заминување на Влаховиќ и дека Србинот дефинитивно ќе остане на „Артемио Франки“ најмалку до крајот на сезонава.

Пјонтек е второто засилувaње на Фиорентина во овој преоден рок, откако веќе беше комплетиран трансферот на Иконе од Лил за сума од 15 милиони евра.

Се вчитува...