Пјонтек зимава ќе се пресели во Галатасарај

Во јануари Кжиштоф Пјонтек, екс фудбалерот на Џенова и на Милан кој на голема врата стигна во Херта, веројатно ќе го смени клубот. Според информациите од Германија, тимот од Берлин се согласил да го испрати на позајмица Пјонтек, и тоа во Галатасарај.

Полскиот голгетер откако дојде во Херта, никако да се снајде во овој тим, а сезонава го загуби и првотимскиот статус.

Полјакот мина само 38. минути во последните пет меча. Во целата полусезона постигнал само еден гол.

Договорот е кон финализирање, а Пјонтек би требало да стигне во Истанбул како позајмен, со можност да биде откупен неговиот договор.

Се вчитува...