Гибралтар по 23 едноподруго натпревари успеа да стигне до својата прва победа во историјата на еден официјален натпревар под капата на УЕФА.
Гибралтарците со голот на Чиполино од пенал вчера славеа со 0-1 на гостувањето против Ерменија во Ереван, па на Македонија и го отворија патот за првото место во Групата 4 од Лигата Д.
Но, она што навистина го восхити светот е начинот на кој Гибралтарците си ја прославија победата по последниот судиски свиреж. Плачеа Гибралтарците како мали деца, не можејќи да се воздржат од емоциите кои силно бликнаа… Јасно е дека и малите може да бидат големи, кога сакаат!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА