Жозе Мурињо ја потврди својата репутација на „лош губитник“ и по денешниот пораз од Манчестер сити, откако стратегот на Јунајтед се пожали на начинот на кој ги примил головите.
„Ако го знаете начинот на кој игра Сити, ќе очекувате да дадат убави голови. Нивните голови беа „за срамота“, подароци од нас, не очекував дека ќе загубиме од Манчестер сити со два такви гола“ – прокоментира Мурињо.
Португалецот не пропушти да ја коментира ниту арбитражата, поточно недосудениот пенал врз Ерера во самиот финиш од дербито.
„Мечот го решија две работи, одбраната на нивниот голман што беше неверојатна и одлуката на судијата за пеналот што исто така беше неверојатна. Можете да ми кажете што сакате, статистики за натпреварот, број на шутеви, но тоа беше пенал и ние ќе освоевме најмалку бод“ – разочарано изјави „специјалниот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА