Плачкото Солскјер: Не ми се допаѓа што му правеа фудбалерите на Вила на Бруно Фернандеш…

Оле Гунар Солскјер на вчерашната прес-конференција се жалеше дека неовиот тим не добивал доволно пенали, за што виновен бил Јирген Клоп. Денеска „црвените ѓаволи“ добија пенал за да се спасат од пораз против Астон Вила, но Бруно Фернандеш биеше високо над гредата, по што Јунајтед го претрпе првиот овосезонски пораз во Премиер-лигата.

Солскјер и овојпат најде причина да се пожали за крајниот епилог, овојпат вината насочувајќи ја кон гостинските фудбалери и нивното однесување пред пеналот на Фернандеш.

„Пред се, сакам да кажам дека не ми се допаѓа што му правеа фудбалерите на Астон Вила на Бруно. Се собраа околу белата точка, па го опколија Фернандеш. Не верувам дека го деконцентрираа за да промаши, но јас никогаш не би направил такво нешто. Знам дека тој е многу силен на психолошки план и верувам дека повторно ќе ја преземе одговорноста“, истакна Солскјер.

Се вчитува...