Плаче и моли за живот: Екс-фудбалер на Интер фатен со туѓа девојка, па крвнички претепан (ВИДЕО)

Екс-фудбалерот на Интер, Јан Карамо (23) изминативе неколку дена е во центарот на вниманието поради видео кое кружи на социјалните мрежи на кое се гледа како плаче и моли за прошка.

Карамо бил жртва на човек кој збеснал кога го фатил фудбалерот со својата девојка. Го снимил крвничкото претепување и потоа го објавил видеото на социјалните мрежи. Видеото стана вирално, а во меѓувреме напаѓачот е осуден на две години затвор (20 месеци условно) за насилство и закани со оружје.

Фудбалерот се здобил со скршеници на синусот, а добил удари и во пределот на вилицата и очите, поради што му била укажана помош во болница.

„Имаше нож во едната рака, а со другата ме удрираше. Имам семејство и гордост и никогаш нема да го заборавам ова“, изјави фудбалерот кој по потекло е од Брегот на Слоновата Коска.

Поранешниот играч на Интер претходната сезона ја мина на позајмица во Карагумрук, Турција, кој неодамна го презеде Андреа Пирло, па останува да се види дали ќе остане кај него или ќе се врати во Парма.

 

 

 

Се вчитува...