Јувентус имаше сезона за заборав, но веќе напорно работи за враќање на посакуваните патеки. Во Торино се очекува да се врати Пол Погба, но покрај францускиот репрезентативец ќе пристигнат уште неколку играчи.
Еден од најпосакуваните е Анхел ди Марија, но преговорите со 34-годишникот не се одвиваат во најдобар можен ред. 34-годишникот ја фаворизира Барселона па доколку „старата дама“ не успее во преговорите погледот ќе го насочи кон отпишаната ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио.
Дваесетишестгодишникот веќе неколку години е на излезната врата на Реал Мадрид, а се чини дека ова лето ќе го направи и долго очекуваниот потег и ќе ги промени клупските бои. Воедно неговиот договор истекува на крајот на следната сезона па доколку и шпанскиот состав очекува да заработи од него ќе мора да го пушти да замине во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА