Раководството на Пари Сен Жермен ќе мора да смисли стабилен план за следната следната сезона кога станува збор за нови засилувања. Челниците веќе работат на пронаоѓање неколку мети со кои би го започнале реновирањето на составот, а токму фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Мароан Фелаини, е една од нив. Можеби интересот изненадува, но на „светците“ очајно им е потребен играч кој ќе ја стабилизира средината на теренот, во вчерашниот дуел против Реал Мадрид беше очигледно дека им недостасува токму тоа.
Според француските медиуми, преговорите на ПСЖ со фудбалерот започнале уште од јануари, сега доставија и конкретна понуда, четиригодишен договор според кој би заработувал шест милиони евра годишно.
Белгиецот е важен играч за Жозе Мурињо, португалскиот стратег на неколку пати истакна дека сака да го задржи што е можно подолго, иако улогата во тимот не му гарантира голема минутажа. Токму поради тоа Фелаини размислува да го напушти „Олд трафорд“ ова лето, неговиот договор истекува по крајот на оваа сезона и шансите дека ќе ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“ се многу мали, искусниот играч за врска сака игра во клуб во кој би имал значително поголема минутажа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА