Еуро Никел дополнително ја засили центарската позиција во тимот откако денеска потпиша договор со Јуре Планиниќ. Станува збор за 206 сантиметри висок кошаркар кој доаѓа од Хрватска, кој своевремено беше дел од младинската школа на Задар, а ланската сезона ја мина во вториот тим на Цедевита.
Минатата сезона тој во просек бележеше по 7,6 поени, 4,2 скока и 0,9 асистенции по натпревар, а останува да се види како ќе се снајде овој млад кошаркар во составот под водство на Горан Самарџиев.
Планиниќ на центарската позиција ќе го наследи поранешниот македонски репрезентативец Предраг Самарџиски, кој летово си замина од кавадаречкиот табор.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

