Кошаркарот на Пелистер, Јуре Планиниќ, e најкорисниот кошаркар во осмата рунда од АБА2 лигата, по одличното издание на хрватскиот интернационалец на денешниот дуел со Шибенка.
Токму Планиниќ е меѓу најзаслужните за големиот пресврт по негативата од 16 поени и победата на битолчани, во која центарот оствари импресивен дабл-дабл од 26 поени и 14 скокови (шест од нив офанзивни), за импресивни 39 индексни поени.
Битолчани ги очекува борба за пласман во нокаут фазата од регионалното натпреварување, во која сигурно во главна улога повторно ќе биде Планиниќ, кој ќе мора да добие и соодветна помош од соиграчите.
Jure Planinić of Pelister-Bitola is the NLB MVP of the NLB #ABALiga2 Round 8! Congratulations!
More at: https://t.co/ostnLJLxvq pic.twitter.com/mPrKxg2FMI
— NLB ABA League 2 (@ABA_League2) January 31, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА