„Планиран“ пораз…, маестрална „Фаланга“…, вистинскиот обид за следна мундијалска рунда следува… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација запиша главно планиран пораз од моќната репрезентација на Норвешка која претендира за медал на Светското првенство 2023 во Полска и во Шведска.

И, ако „планираниот“ пораз го одбележа нашиот ден на терен, тогаш феноменалната „Фаланга“ пак го одбележа ракометниот ден во Краков. Црвено-жолтите бои во „Таурон арената“ покажаа дека во Краков има Мундијал, сосема е јасно дека ракометарите ќе ја имаат максималната поддршка на ова првенство. Затоа што, да бидеме реални, вистинското за нас, и битката да се обиде оваа нова репрезентација да дојде до пласман во следната фаза од шампионатот, допрва следи.

Против Холандија, а пред се против Аргентина, ќе се докажува созреаноста на младите момчиња на Кире Лазаров да дојдат до главната рунда од натпреварите на СП 2023…

 

 

Се вчитува...