Со натпреварите на леталницата во Планица заврши годинашното издание на Светскиот куп во ски-скокови.
Целото натпреварување помина во сенка на простувањето на еден од најдобрите словенечки спортисти на сите времиња, Петер Превц. Легендарниот Словенец го имаше својот последен настап каде го освои шестото место.
Победата му припадна на Австриецот, Даниел Хубер кој на крајот славеше и во генералниот пласман во скијачки летови. Второто место го освои помладиот Превц, Домен, додека подиумот го надополни Полјакот, Александер Шнишчол.
Освојувачот на големиот кристален глобус, Штефан Крафт заврши четврти и со тоа го загуби кристалниот глобус во скијашки летови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА