Барселона во јануари би можела да се ослободи од пет свои фудбалери, пишува каталонски „Спорт“.
Тренерот Ернесто Валверде наводно сметал дека повеќе нема да му бидат потребни, а клубот би можел добро да заработи кога веднаш би ги продал.
Прв кој сигурно заминува е Хавиер Маскерано кој веќе договори трансфер во Кина, но таму ќе замине на крајот од преодниот рок за дотогаш да и помогне на десеткуваната одбрана на Барса. Арда Туран сезонава не одигра ниту една минута, а сега е многу блиску до трансфер во Бешикташ. Рафиња бара минутажа како би се изборил за место во репрезентацијата на Бразил за СП во Русија, а е на прагот на Селта во чии редови претходно играше како позајмен фудбалер.
Алекс Видал веќе долго е на трансфер листа, на која ново име е Џерард Делофеу кои не успеа да се наметне по враќањето во Барселона. Сега би можел да се врати во Милано, но не во Милан туку во Интер.
Парите од продажбата на овие пет фудбалер Барселона планира да ги вложи во две ѕвезди кои треба да донесат свежина во каталонските редови. Еден е ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо за кого ќе мора да плати 150 милиони евра, а вториот е офанзивецот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман кого Барса планира да го купи следното лето за 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА