Леонардо вчера и официјално беше промовиран во нов директор на ПСЖ, а Бразилецот веднаш се фати за работа планирајќи ги засилувањата на „светците“ за летниот преоден рок. Преговорите со Ајакс за капитенот Де Лихт се во завршна фаза уште пред доаѓањето на Леонардо, а новиот директор планира со себе во Париз од Италија да донесе и две „ѕвезди“ на Калчо-лигата, и тоа Џанлуиџи Донарума и Сергеј Милинковиќ – Савиќ.
Заминувањето на Буфон отвори место за носење на нов врвен голман на „Паркот на принцовите“, па иако досега најчесто се говореше за Давид де Хеа, Леонардо има поинаков план. Свесен за финансиските проблеми на Милан, Бразилецот сака да го доведе Донарума за сума од 50 милиони евра, што во секој случај ќе биде пониска од она што Јунатед ќе го бара за Де Хеа, а воедно и Италијанецот ќе има многу помали побарувања за плата отколку што тоа е случај со шпанскиот репрезентативец.
Милинковиќ – Савиќ лани беше меѓу најпосакуваните фудбалери во Европа, но никој не се согласи да ја плати сумата од 120 милиони евра што ја бараше Клаудио Лотито. Сега првиот човек на Лацио ја намали оваа сума на 75 милиони, а на Милинковиќ – Савиќ му е понуден договор на пет години, за плата од пет милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА