Платата на Анчелоти во Бразил 10 милиони евра, плус пет милиони евра бонус за освоено СП

Новиот селектор на Бразил, Карло Анчелоти ќе биде еден од најплатените селектори во овој момент. Италијанецот за својот договор со „кариоките“ ќе добие добра сума на пари, а тука е вклучен и бонусот.

Така само на основ на плата, Анчелоти ќе заработува по 10 милиони евра годишно. Иста сума заработува и сега како тренер на Реал Мадрид.

Ако се случи Италијанецот да го освои Мундијалот во 2026 година, ќе добие уште пет милиони евра како бонус.

Денеска фудбалската федерација на Бразил објави дека постигнал договор со Италијанецот. Тој на 26. мај ќе седне на клупата на „кариоките“, а на негово место во Реал Мадрид ќе дојде Чаби Алонсо.

Се вчитува...