Платата на Меси е трипати поголема од онаа на Роналдо во Јунајтед!

Враќајќи се во Манчестер Јунајтед, или заминувањето од Јувентус, значеше дека Кристијано Роналдо треба да се откаже од половина од неделната плата, што драстично го исфрли од листата најплатени играчи во светот, додека Лео Меси и понатаму е без конкуренција на листата и единствен играч со неделен приход од повеќе од милион долари.

Пари Сен Жермен е единствениот клуб со тројца во Топ 10 играчи со највисока плата. Листата ја направи „Тајмс“ и истата ги претвори платите на сите во иста валута, во американски долари. Треба да се додаде дека се работи само за фиксните плати на фудбалерите, а не за спонзорски договори и други бонуси.

Ова е списокот на десет играчи со највисока плата:

10. Роберт Левандовски (Баерн) – 483.000 долари неделно

Единствениот бундеслигаш на листата, најдобар странски стрелец во Германија на сите времиња и фудбалер кој бил шампион во Бундеслигата деветпати во 11 години – двапати со Борусија Дпортмунд и седумпати со Баерн.

9. Давид де Геа (Манчестер Јунајтед) – 517.000 долари неделно

Единствениот шпански играч на листата и убедливо најплатениот голман во светот. Манчестер Јунајтед го донесе од Атлетико Мадрид пред повеќе од една деценија за тогашниот рекорден трансфер во Премиер лигата за еден голман, и оттогаш е еден од најдобрите во светот.

8. Кевин де Брујн (Манчестер Сити) – 531.000 долари неделно

Со потпишување на нов договор, тој стана најплатениот фудбалер во Премиер лигата, барем до доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јунајтед. Не треба да се трошат зборови за тоа колку Кевин влијаеше на последните успеси на Манчестер Сити. Тој ја освои Премиер лигата трипати за шест години.

 

7. Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед) – 531.000 долари неделно

Заминувајќи од Јувентус, тој падна драстично на листата, од второто на седмото место. Се откажа двојно од платата со враќањето на „Олд Трафорд“, но и со таква плата, тој е најплатениот фудбалер во Премиер лигата. И, се разбира, тој не е премногу возбуден за помалата плата, бидејќи заработува 470 милиони долари годишно од спонзори!

6. Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен) – 566.000 долари неделно

Најслабо платениот од трите најголеми ѕвезди на „Светците“, но сепак високо рангиран во Топ 10. Нема сомнение дека тој ќе остане на оваа листа следната деценија, за кој и да е клуб во кој ќе игра во продолжението на кариерата.

5. Герет Бејл (Реал Мадрид) – 690.000 долари неделно

И покрај влошувањето на неговата репутација во последните години, Бејл се уште е еден од најплатените фудбалери во светот. Многумина мислеа дека деновите му се избројани во Реал, но со враќањето на Карло Анчелоти, тој доби втора шанса, која се чини дека ја искористи.

4. Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) – 793.000 долари неделно

Со заминувањето на Меси, тој остана единствениот играч на Барселона во Топ 10. Сепак, Антоан во последниот ден од трансфер периодот отиде на позајмица во Атлетико. Но, неговата голема заработка останува иста и во клубот од Мадрид.

3. Луис Суарез (Атлетико Мадрид) – 793.000 долари неделно

Можеби е изненадување што е меѓу тројцата најплатени, но Луис Суарез во дресот на Атлетико ги оправда сите вложени пари. Откако замина во тимот на Симеон Диего, Уругваецот блесна во тимот на Чола и даде голем придонес за освојување на титулата.

2. Нејмар (ПСЖ) – 836.000 долари неделно

Со трансферот на Роналдо од Јувентус во Јунајтед, Нејмар се најде на второто место меѓу најплатените фудбалери во светот. Бразилскиот напаѓач е светска ѕвезда, но не може да се натпреварува со Португалецот во однос на спонзорските договори.

1. Лионел Меси (ПСЖ) – 1.325.000 долари неделно

Нов клуб, ист статус. Најдобриот на планетата, можеби најголемиот на сите времиња, не е изненадувачки што тој има највисока плата во овој спорт. Аргентинецот е единствениот фудбалер кој заработува повеќе од милион долари неделно. Се разбира, разни бонуси и спонзорски договори не се вклучени овде. Тогаш бројката би била многу поголема.

 

Се вчитува...