Кошаркарите во НБА лигата почнувајќи од 15. мај ќе земаат 25 отсто помала плата, пренесуваат американските медиуми. Планот е усвоен како би се намалиле загубите на тимовите во времето на пандемијата од коронавирусот.
Тоа би значело дека кошаркарите се до враќањето на терените ќе земаат помала плата. Подоцна кога ќе се врати НБА лигата нивните плати повторно ќе бидат целосни. Паузата во НБА почна на 11. март, кога Руди Гобер беше позитивен на Ковид-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА