„Платформата за ракометна Битола“ продолжена за уште две години

Ракометниот шампион на Македонија, тимот на Пелистер и во следните две години ќе има апсолутна поддршка од град Битола, откако денеска беше потпишан договор за продолжување на соработката меѓу Тони Коњановски и претседателот на „пелистерци“, Зоран Стерјев.

„Платформата за ракометна Битола“ истече на крајот од минатата сезона, но двете страни се договорија за продолжување на соработката која вроди со плод, па битолчани по подолга пауза стигнаа до две шампионски титули во низа на домашната ракометна сцена.

„Ракометна Битола е обединета и така ќе чекори и во иднина. По денешната одлука на советот на Општина Битола, со која беше изгласано продолжувањето на „Платформата за ракометна Битола“, вечерва беше потпишан договорот меѓу двата акционери, компанијата Еурофарм и Општина Битола.

Претседателот Зоран Стерјев во името на клубот и мнозинскиот акционер и градоначаникот на Општина Битола, Тони Коњановски го потпишаа договорот, со кој платформата доби важност до септември 2026 година.

Со оваа конструкција, со поддршката која клубот ја чувствува од својот град и опкружувањето, убедени сме дека Еурофарм Пелистер уште повеќе ќе расте, ќе ги реализира зацртаните цели и ќе ги прави битолчани горди како и досега. Заедно до нови успеси!“, објави РК Пелистер.

Се вчитува...