Плати 4.500 долари за билет и си дремна на Супербоул

Супербоул е главната спортска манифестација во САД, најгледана и во светот, но еден од фановите си дремна на стартот од дуелот меѓу Канзас Сити чифс и Сан Франциско фортинајнерс. Ако се знае дека најевтиниот билет беше 4.500 долари, тогаш дремката скапо ја плати.

Сигурно се разбуди на полувремето кога спектаклот во Мајами со неверојатно шоу го разубавија латино ѕвездите Џенифер Лопез и Шакира.

Канзас Сити славеше во големиот двобој со 31-20.

Се вчитува...