Партизан претрпе пораз од 3-0 на дербито со Црвена Звезда, по што следеше експресна реакција на управата – отказ за тренерот Ненад Стојаковиќ од функцијата шеф на стручниот штаб на белградските „црно-белите“.
Стојаковиќ дојде во Партизан пред само неколку месеци и неговиот ангажман беше проследен со сомнежи и критики од страна на приврзаниците на „црно-белитe“, тој дури и доби отказ пред неколку седмици, но управата неколку часа подоцна се премисли и реши да го задржи во клубот.
Сепак, убедливиот пораз на дербито што значеше и зголемување на негативата зад Црвена Звезда во трката за титулата значеше и крај на систие дилеми околу иднината на овој стратег, со денешната официјална разделба.
Како што објави Партизан на официјалната веб-страница, улогата на предводник на првиот тим во наредниот период ќе му припадне на поранешниот фудбалер на „црно-белите“, Дамир Чакар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

