Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини е еден од противниците на ВАР-технологијата за која смета дека ја убила душата на фудбалот.
Во интервју за италијанските медиуми Платини нагласува дека сета оваа технологија, не донела некои чуда кои се очекувале, а само придонела фудбалот да ја загуби вистинската смисла.
„Ако јас се прашувам веднаш би ја укинал ВАР-технологијата. Можеби ќе ја оставам само при офсајд ситуациите, каде што лесно може да се забележи и оцени дали играчот е во недозволена позиција. А, мора да се остави судиите сами да одлучуваат дали постои прекршок или не. ВАР не може да оцени дали има или не интензитет, дали има удар, прекршок… Тоа на крај, повторно е субјективна проценка“ – истакнува Платини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА