Раководството на Пелистер успешно ги финишираше преговорите за уште еден трансфер, босанскиот голман Харис Плех денеска потпиша двогодишен договор со битолскиот суперлигаш.
Станува збор за 22-годишен чувар на мрежата висок 195 сантиметри, кој во Пелистер доаѓа од турскиот тим МЈК-Анкара а претходно настапуваше и за ХИФК Хелсинки , АЕК Атина и матичниот МРК Горажде.
Пелистер по првото летно засилување Милан Поповиќ и продолжената соработка со Никола Ивановски и Костадин Петров продолжува со градење на тим за новата натпреварувачка сезона .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА