ПЛЕЈ-АУТ: Победи на Скопје, Струга и Голден Арт

Ракометарите на Скопје 2020 стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата во Суперлигата на Македонија откако во 11. коло славеа на домашен терен против МРК Куманово со 30-23. Mарио Мишевски со десет гола беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените 11 постигна Вучко Мрвовиќ.

Струга го декласираше Вардар Негатино на домашен терен со 41-30. Најдобар поединец кај победникот беше Петар Маркоски со девет гола, додека кај поразените шест постигна Костадин Петров.

Во последниот денешен меч Голден Арт беше сигурен на гостувањето кај Радовиш со 29-37. Христијан Милошевски со 11 гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените еден помалку постигна Филип Трајанов.

Се вчитува...