ПЛЕЈ-АУТ: Прилеп го доби Куманово, победи и за Голден Арт и Струга

Во дербито на шестото коло во плеј-аут фазата од ракометната Суперлига на Македонија Прилеп славеше на домашен терен против МРК Куманово со 23-22. Гавашелишвил со седум гола беше прво име кај прилепчани, додека кај поразените шест постигна Кастратовиќ.

Претходно денеска Голден Арт стигна до нова победа откако славеше на гостувањето кај Скопје со 25-27. Во победничкиот табор по шест гола постигнаа Јанковски и Миланов, додека кај поразените недоволни беа 11 гола на Киселовски.

Струга ја оправда фаворитската улога против аутсајдерот Радовиш декласирајќи го со 31-20. Маркоски и Бугариновиќ со по седум гола беа најефикасни кај домаќинот, додека кај радовишани со ист број голови заврши Ончев.

Се вчитува...