ПЛЕЈ-АУТ: Реми на Скопје и Јуниор Кисела Вода, останатите фаворити сигурни во своите мечеви

Ракометарите на Скопје и Јуниор Кисела Вода го одиграа најинтересниот натпревар во 4. коло од плеј-аутот од ракометната Суперлига на Македонија. Гостите на овој натпревар иако беа аутсајдери одиграа неверојатно и со погодок во последната секунда од мечот успеаја да стигнат до реми 25-25. Јакимовски и Бајрактаревиќ со по седум гола беа најефикасни кај домаќинот, додека кај гостите еден помалку постигна Андреевски.

Прилеп без поголеми проблеми славеше на домашен терен против Вардар Неготино со убедливи 31-21. Кај прилепчани со седум гола прво име беше Христи Бикоски, додека кај поразените по пет гола постигнаа Адамовиќ и Кузманов.

Голден Арт славеше на гостувањето кај Струга со 29-34. Славе Јанковски со осум погодоци беше убедливо најдобриот поединец кај победникот, додека кај поразените по шест постигнаа Бугариновиќ и Цветаноски.

Во последниот меч од денешната понуда МРК Куманово го декласираше Радовиш на гостински терен со 24-33. Никола Бечејац беше прво име кај победникот со девет гола, додека кај поразените Филип Трајанов заврши со 11 гола.

Се вчитува...