ПЛЕЈ-АУТ: Вардар Неготино го изненади Голден Арт, победи и за Скопје и за МРК Куманово

Вардар Неготино стигна до изненадувачка победа на домашен терен против Голден Арт од 25-23 во натпреварот од првото коло во плеј-аут фазата во ракометната Суперлига на Македонија. Домашните одиграа одличен натпревар и на крајот стигнаа до заслужен триумф во борбата за опстанок во домашниот шампионат.

Скопје 2020 стигна до убедлив триумф во првиот натпревар на домашен терен против Струга со 38-32. Домаќините уште од самиот старт почнаа фуриозно и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се врати резултатски во мечот. Леонид Киселовски со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај гостите недоволни беа десетте гола на Петар Маркоски.

МРК Куманово стигна до тежок триумф на гостувањето кај Јуниор Кисела Вода со 20-21. Неверојатен натпревар за гостите одигра Владан Кастратовиќ кој мечот го заврши со дури десет гола што беше скоро па половина од погодоците на неговиот тим. Кај поразените Стефан Крстески со четири беше најефикасен.

Се вчитува...