Плеј-офот ни носи супер-пресметки, познато кои тимови се во топ 8

Последниот ден од новото издание на Лигата на шампионите иако од УЕФА најавуваа дека ќе донесе нешто неверојатно, на крајот немаше некоја посебна еуфорија.

Тимовите кои обезбедија топ 8 од претходно играа со комбинирани тимови, а на крајот прашање беше само кои три екипи од четворката (Манчестер сити, Клуб Бриж, Спортинг Лисабон и Динамо Загреб) ќе поминат понатаму.

На крајот Динамо Загреб поради поразот од Баерн Минхен од 9-2 со кој ја уништи својата гол-разлика остана покус за историски пласман во нокаут фазата.

Во топ 8 лигашкиот дел го завршија: Ливерпул Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила и овие тимови ќе паузираат во воведното коло од плеј-офот.

Останатите 16 екипи, ќе одиграат претколо, а веќе тука не очекуваат неверојатни дуели. Манчестер сити очигледно ќе има најтешка задача бидејќи ќе мора да мине против Баерн Минхен или Реал Мадрид. Можно е италијанско супер-дерби во кое би се сретнале Милан и Јувентус. Пари Сен Жермен го очекува француски противник во името на Монако или Брест, додека најлесно поминаа Борусија Дортмунд и Аталанта кои ќе играат против Спортинг Лисабон или Клуб Бриж.

 

Се вчитува...