Плеј-офот почна жестоко – радост за Металург и за Пролет (фотогалерија)

Битката за титулата во ракометниот плеј-оф стартуваше со два драматични натпревари, како најава за возбудливи пресметки во следните два месеци во кои Вардар останува суперфаворит за титулата, но се најавува интересна битка за останатите позиции на табелата.

Металург ќе треба добро да се намачи ако сака да ја одбрани втората позиција, го видоа тоа Брестовац и неговите избраници на денешниот дуел со Пелистер. Во неколку наврати имаа „минус пет“, но во второто полувреме се вратија од негатива од четири гола и стигнаа до победата. Покажаа и карактер и квалитет, но ќе треба во висок стил да издржат 60 минути против Работник и Вардар ако сакаат и догодина да бидат дел од СЕХА-лигата.

Пролет го доби Бутел во градската пресметка, уште еднаш покажувајќи дека и со исклучиво домашни играчи може да се победува на македонската сцена, дури и во плеј-офот. Јасно е, скопскиот клуб нема да се бори за титулата, но со максимален пристап избраниците на Матлиески ќе се обидат да се вмешаат во борбата за излез во Европа, нешто што им успеа минатата сезона.

 

 

Се вчитува...