Борбата за титула во македонската кошарка продолжува денеска со три нови четвртфинални натпревари во кои Еуро Никел, МЗТ Скопје и Пелистер можат да го заверат своето место во следната фаза. По победите во првиот натпревар кавадаречкиот, скопскиот и битолскиот тим се наоѓаат во одлична ситуацијата и имаат „меч топка“ за место меѓу најдобрите четири.
Првиот натпревар ќе биде одиграни од 18 часот во салата „Јасмин“ каде по „брејкот“ во Скопје, Еуро Никел ќе има шанса да продолжи со настапите во полуфиналето уште една сезона во низа.
Избраниците на Самарџиев до триумф стигнаа до добра одбрана во последната четвртина, а денеска повторно ќе мораат да бидат на врв на задачата против ТФТ кој располага со поголем потенцијал за реализација од скромните 35 отсто на натпреварот одигран во „Кале“.
View this post on Instagram
Од 19 часот во „Јасмин“ Кожув ќе се обиде да приреди „мајсторка“ против МЗТ Скопје. Гевгеличани беа одлични во првите 20. минути во СЦ „Јане Сандански“, но подолгата клупа на актуелниот шампион и неверојаните браќа Стојановски си ја завршија задачата во второто полувреме за на крајот лесна победа.
МЗТ Скопје во продолжението од битката за титула ќе биде предводен од Атанасов кој го наследи „жешкото столче“ од Николиќ. Македонскиот стратег беше на теренот за второто полувреме, под негово водство „сино-белите“ излгедаат одлично па јасно е дека домаќините ги чека уште потешка задача.
View this post on Instagram
Богатиот четвртфинален ден ќе биде комплелтиран од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“ каде единствениот тим без странски кошаркари, Феникс 2010 ќе се обиде да стигне до триумф и одлучувачки натпревар против Пелистер во Битола.
Вицешампионот беше подобар противник во поголемиот дел од натпреварот во „Боро Чурлевски“ каде го диктираше темпото и во нападот и одбраната, но до триумфот стигна во последната минута. Тимот на Дервишевиќ се врати од двоцифрена негатива со што уште еднаш го потврди карактерот, а сега на крилја на својата публика сколопот од младост и искуство ќе цели кон закомпликување на работите.
View this post on Instagram
Вториот круг од четвртфиналето ќе биде комплетирано утре на „Кале“ кога Работнички ќе се сретне со Гостивар. Гостиварци ја продолжија доминациајта во „Младост“, но за место во полуфиналето ќе мораат да слават во салата во која од „црвено-белите“ во регуларниот дел од сезоната запишаа победа од 35 разлика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

