Дел од ракометарите и членови на Еурофарм Пелистер, денеска во низ неколку институции во Битола, ги поделија мечињата фрлени од страна на навивачите пред дербито со Вардар кое се одигра на 15. декември кое заврши без победник 27-27.
Пред самиот натпревар неколку десетици плишани мечиња беа фрлени на паркетот, за хумана акција која е присутна низ сите делови во Европа и во сите спортови.
„Се сеќавате ли на плишаните мечиња кои долетаа на паркетот во спортската сала „Боро Чурлевски“ на полувремето натпреварот против Вардар 1961? РК Еурофарм Пелистер ја реализира својата хумана акција која предизвика голем интерес и хуман одговор од нашите симпатизери и навивачи. Нашите ракометари и членови на клубот ги поделија мечињата во Домот за доенчиња, Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и детската градинка „Снегулка“ во Битола. Клубот и во иднина ќе реализира хуманитарни акции и со своите дела ќе ги потенцира вистинските вредности во животот.“, стои во објавата од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА