За лидерката на ВТА листата и прва турнирска носителка, Симона Халеп заврши тенискиот Мастерс во Мардид уште во четвртфиналето. Романската тенисерка доживеа пораз во два сета во четврфиналната пресметка од Чехинката Каролина Плишкова.
За нешто повеќе од еден час, Плишкова ги доби двата сета со 6/4 и 6/3 и си обезбеди пласман во полуфиналето. Шесторангираната тенисерка за противничка во полуфиналето ја чека победничката од четвртфиналната премстка меѓу Петра Квитова и Дариа Касаткина.
Претходно, полуфинален пласман обезбеди и Французинката Каролине Гарсија откако во два сета славеше на Суарез Наваро. Во последниот дуел од четвртфиналната програма се среќаваат Русинката Марија Шарапова и Холанѓанката Кики Бернетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА