Каролина Плишкова ја забележа втората победа во „белата“ група на завршниот турнир на осумте најдобри тенисерки во годината со триумфот во третото коло од прелиминарниот сегмент над Петра Квитова со 2-о во сетови и обезбеди пласман во полуфиналето.
Плишкова која втора година по ред е полуфиналистка на ВТА завршницата, на повозрасната сонародничка и препушти 3 гема во првиот и 4 гема во вториот сет. Квитова пак имаше неочекувано слаб настап во Сингапур и турнирот го заврши со три порази.
Конечниот пласман на Плишкова во групната фаза ќе зависи од исходот на вториот дуел од третото коло во кој играат Елина Свитолина и Каролине Возњаки. Ако Свитолина победи, таа ќе заврши на првото место, а Плишкова ќе биде втора. Ако Возњаки победи во два сета, тогаш Плишкова ќе биде прва, а Данката втора. Ако Возњаки победи во три сета, тогаш Плишкова ќе биде победничка на групата, а Свитолина ќе се квлафикува како втора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА