Каролина Плишкова и Гарбине Мугуруза забележаа неочекувано лесни победи н стартот од ВТА шампионатот што денеска официјално почна во Сунгапур.
Плишкова за противничка ја имаше Венус Вилијамс, премногу лесно совладувајќи ја ветеранката со 6-2, 6-2 за само 72 минути игра. Вилијамс имаше проблеми со сервисот правејќи шест двојни сервис грешки, па надополнети со 19 неизнудени грешки јасно е зошто Американката немаше никакви шанси против одличната чешка тенисерка.
Гарбине Мугуруза во вториот дуел на денешната програма се сретна со Јелена Остапенко и максимално ги искористи грешките што белоруската тенисерка ги правеше на своето деби на ВТА-шампионатот. Остапенко имаше огромни проблеми со сервисот и дозволи тројки брејка во првиот сет (6-3), за потоа Мугуруза набрзина да поведе и со 5-1 во вториот сет. Белорусинката успеа да се приближи со 5-4, но шпанската тенисерка сепак не дозволи целосен камбек стигнувајќи до триумф на премиерниот меч во Сингапур.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА