Каролина Плишкова е првата тенисерка што обезбеди пласман во полуфиналето од ВТА шампионатот во Сингапур, откако неочекувано лесно славеше над Гарбине Мугуруза со 2-0 во сетови. Чешката тенисерка тргна фуриозно и експресно поведе со 3-0, за потоа рутински да го добие стартниот сет со 6-2. Идентично се одвиваа работите и во вториот сет, во кој Плишкова стартуваше уште пофуриозно, поведувајќи со 5-0 за на крајот да го добие со 6-2 за осигурување на првото место во својата група.
Многу понеизвесно беше на првиот денешен дуел, на кој 37-годишната Венус Вилијамс по голема битка славеше над 20-годишната Остапенко со 7-5, 6-7, 7-5. Двете тенисерки направија вкупно 21 брејк во мечот што траеше три часа и тринаесет, за Венус да ја искористи втората меч топка и да стигне до својата прва победа во Сингапур, со што искусната Американка си ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.
Решавачки ќе биде дуелот од третото коло меѓу Вилијамс и Мугуруза, додека Остапенко без никакви шанси за полуфинале ќе влезе во својот трет дуел на ВТА шампионатот против Плишкова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА