Слоун Стивенс е втората финалистка на ВТА шампионатот во Сингапур, откако американската тенисерка се врати од работ на амбисот со триумф од 2-1 во сетови против Каролина Плишкова.
Чешката тенисерка го доби првиот сет со максимални 6-0, а потоа во вториот имаше предност од 2-0 и 40-15 на свој сервис. Тогаш дојде до огромен пад во играта на Плишкова, Стевенс доби на самодоверба, триумфирајќи во вториот сет со 6-4. Плишкова веќе целосно ја загуби самодовербата на свој сервис, а Американката знаеше како да го искористи тоа и целосно доминираше во решавачкиот сет, славејќи со конечни 6-1.
Стивенс во финалето ќе се сретне со Елина Свитолина, која го доби првиот полуфинален дуел со Кики Бертенс со 2-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА