Чешката тенисерка, Каролина Плишкова, беше видно оштетена пред крајот на мечот против Марија Сакари, а по завршувањето на дуелот таа удри со рекетот и ја оштети столицата на главниот судија.
Плишкова сервираше при резултат 5-5 (40-40) и имаше поен во свои раце смечувајќи точно на линијата. Но, тогаше доаѓа до проблеми бидејќи главниот судија на мечот пресуди дека топчето било во аут.
How can this be called out lol
So wrong#wta #rome #pliskova pic.twitter.com/ZyABaYTGcn— Luke Mayes (@lukemayes8) May 16, 2018
Плишкова на тоа бурно реагираше, побара супервизорот да се симне на терен и долго се расправаше со судијата. Иако чешката тенисерка беше во право, судијата остана на својата одлука, а Плишкова после тоа го загуби следниот поен, а со тоа и гемот на свој сервис. Сакари потоа сервира за победа. И тогаш доаѓа бесната реакција на чешката тенисерка која на поздравувањето со рекетот повеќе пати удира по столицата на главниот судија и на неа прави голема дупка.
I have never seen Pliskova like this. pic.twitter.com/nAI5OcMjdH
— Ashish TV ?? (@Ashish__TV) May 16, 2018
На чешката тенисерка за овоиј потег најверојатно ќе и следува казна, и покрај фактот дека проблемот настана поради погрешната судиска одлука.
Мечот заврши со победа на Сакари после пресвртот со 3-6, 6-3, 7-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА