Македонската пливачка Ана Јаневска имаше скромен настап на Европското првенство во пливање во 25-метарски базен што се одржува во Копенхаген, Данска. Во квалификациите на 100 метри слободно, Јаневска го освои последното 51. место, пливајќи со време од 59.46 секунди. Таа исто така настапи и на 50 метри пеперутка, и успеа да заврши на 46.место со време од 28.75 секунди.
Македонија на ова Европско првенство ќе ја претставуваат и Миа Крстева, Љупчо Ангеловски, Давор Петровски и Методија Ангелески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА