Клубовите членови на Пливачката федерација на Северна Македонија ќе бидат ослободени од котизација за 2020 година, информира Федерацијата. Управниот одбор на ПФСМ ја донел оваа одлука за да им излезе во пресрет на клубовите кои се погодени од кризата поради коронавирусот.
Според статутот на Федерацијата, секој клуб член има обврска годишно да плати 9 150 денари за котизација.
Пливањето како и сите други спортови во државава е во застој. Најавите од надлежните здравствени институции како и од Владата се дека во следниот период ќе бидат отворени базените, па ќе може клубовите и пливачите да продолжат со тренинзи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА