Последниот ден од пливачките возбудувања на ОИ во Париз донесе и уште еден светски рекорд, сопственост на Американецот Боби Финке во дисциплината 1.500 метри слободно.
Откако пред неколку дена стигна до сребро на делницата од 800 метри, Финке денеска исплива трка за историја, минувајќи ги тие 1.500 метри за 14:30.67, што е најдобар резултат на сите времиња во оваа дисциплина, уривајќи го рекордот на Кинезот Јанг Сун уште од ОИ во Лондон.
Италијанецот Грегорио Палтринијери го освои среброто со 3,88 секунди послабо време од победникот, а бронзата заврши на градите на Ирецот Даниел Вифен, кој имаше 8,96 послабо време од Финке.
Интересно беше и на женската трка во 50 метри слободно, каде триумфираше Сара Сјостром од Шведска со време од 27,71 секунди, пред Мег Херис од Австралија и Јуфеј Џан од Кина.
Кина стигна до злато во штафетата 4х100 метри мешано откако во фантастичен финиш дојде до вкупно време од 3:27,46 минути, пред штафетите на САД и на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА