Велика Британија оствари еден/два победа на трката на 200 метри слобдоно на пливачките натпревари на Летните олимписки игри во Токио. Том Дин стигна до златото со време од 1:44.22 минута, што беше за само четири стотинки подобро од својот сонародник Данкан Скот кој се закити со сребрената медала. Бронзата му припадна на Бразилецот, Фернандо Шефер.
Тоа што им успеа на Британците на 200 слободно, Русија го направи на трката на 100 метри грбно. Евгени Рилов стигна до златото со нов европски рекорд од 51.98 секунди. Второпласиран заврши Климент Колесников, додека шампионот од Рио де Жанеиро, Американецот, Рајан Марфи мораше да се задоволи со бронзата.
Трката кај дамите во истата делница ни ги донесе најголемите возбудувања на третиот финален ден во акватик центарот во Токио. Австралијката Кајли Мекион дојде до златото со втор најдобар резултат на сите времиња и олимписки рекорд од 57.47 што е за само две стотинки послабо од нејзиниот светски рекорд. Среброто и припадна на Канаѓанкта Кајли Мас, додека со бронза се закити Реган Смит од САД.
17-годишната Лидија Џејкоби од САД е изенандувачки победник на трката на 100 метри градно кај Дамите. Американката до златниот медал стигна со време од 1:04.95 пред фаворитките Татјана Шонемејкер од Јужна Африка и светската рекордерка Лили Кинг од САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА