Австралиската женска штафета на 4×100 метри слободно го одбележа првиот финален ден во Акватик центарот, во пливачките дисциплини на Летните олимписки игри во Токио.
Штафетата на Австралија во состав Мег Херис, Ема Мекион и сестрите Бронте и Кејт Кембл постави нов светски рекорд откако испливаа 3:29.69, што беше за 36 стотинки од рекордот кој исто така беше во сопственост на Австралија од 2018 година.
Среброто и припадна на канадската штафета, додека со бронза се закитија Американките.
Вистинска сензација на првиот финален ден е освоеното злато на Тунижанецот Ахмед Хафнуи на 400 метри слободно. Тој ги изненади фаворитите и од осмата патека стигна до златниот медал. Среброто му припадна на Џек Меклафлин од Австралија, додека со бронза се закити Киран Смит од САД.
Во преостанатите две финални дисциплини, на 400 метри мешано кај мажите Американците остварија еден/два победа откако со злато се закити Чејз Калиш, а сребрен беше Џеј Литерланд. Брендон Смит од Австралија ја освои бронзата.
Кај дамите во истата дисциплина Јуи Охаши му го донесе првото злато на домаќините на пливачките трки, пред Американките Ема Вејант и Хели Фликингер. Големата Катинка Хосу на крајот заврши само како петта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА