ПЛИВАЊЕ СП: Прво злато за Мекинтош, доминација на австралиските штафети на 4х100 слободно

Канадското пливачко чудо од дете, Самер Мекинтош стигна до првиот златен медал на Светското првенство во пливање кое што денеска почна во Сингапур.

Мекинтош до златото на 400 метри слободно стигна со убедлива победа и време од 3:56.26, што беше за скоро две секунди подобро од второпласираната Кинезинка, Бингџие Ли, додека подиумот го надополни легендарната Кејти Ледецки.

Во машката трка на 400 слободно, златото му припадна на светскиот рекордер Лукас Мартенс, кој беше подобар од Австралиецот Сем Шорт и Кореецот, Вумин Ким.

Женската штафета на Австралија стигна до златото на 4х100 слободно пред штафетата на САД и штафетата на Холандија. Кај мажите во истата дисциплина исто така славеа Австралијците пред Италија и САД.

Се вчитува...